Масовен собир во Скопје: Илјадници граѓани оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани

Илјадници граѓани, претежно млади, се собраа на плоштадот Македонија во Скопје за да оддадат почит на жртвите од трагедијата во Кочани. Со подигнати мобилни телефони и вклучени светилки, симболично испратија порака за солидарност и незадоволство.

Присутните упатија јасни пораки за недоверба во системот, истакнувајќи дека чувството на несигурност станало дел од секојдневието – како на улиците, така и во клубовите.

Емоциите на собирот варираа: кај дел од граѓаните се чувствуваше надеж за промени, додека кај други преовладуваше разочарување и песимизам.

Настанот привлече внимание и надвор од границите на земјата. Телевизиски екипи од соседните држави и меѓународни новински агенции беа присутни и известуваа во живо.

Зачлени се на нашиот е-билтен