МД „Илинден“ – Тирана ја поздрави одлуката за отворање македонски генерален конзулат во Корча

Вчера донесената одлука на македонската влада, за отворање генерален конзулат во Корча, за Македонците во Албанија претставува историски чин, стои во соопштението на македонското друштво „Илинден” -Тирана.

– Во мое и во име на македонско друштво „Илинден”-Тирана и Македонците во Република Албанија упатувам честитки до Владата на Република Македонија која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донесе одлука за отворање генерален конзулат во Корча, историски ден за Македонците во Албанија, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Зачлени се на нашиот е-билтен