Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мецола го осуди вандалскиот чин врз Домот на Европа во Софија

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на Твитер го осуди вандализмот врз Домот на Европа во главниот град на Бугарија, Софија.

Зградата во која се сместени Бирото на Европскиот парламент и Претставништвото на Европската Унија обоена со црвена боја за време на вчерашниот протест на Преродба. Партијата претходно на својата Фејсбук страница објави дека ќе одат во Домот на Европа во Софија за да протестираат „против мешањето на Брисел во нашите внатрешни работи“.

-Зградата во која се наоѓа Канцеларијата за врски на ЕП во Софија беше цел на вандали незадоволни од нашиот став за поддршка на Украина. Ќе ја исчистиме. Нашата поддршка за Украина ќе стане посилна. Нашиот глас што ја осудува руската инвазија ќе биде се посилен, објави Мецола на Твитер. (МИА)

Треба да знаете
Moже да ве интересира