Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мецола: Мишел е поканет да учествува на состанокот на лидерите на политичките групации во Европскиот парламент

– Претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола вечерва на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел изјави дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е поканет да присуствува на состанокот на лидерите на политичките групи во ЕП на 20 и 26 јуни поради завршни консултации, пред официјалниот самит на Европската унија на 27 и 28 јуни.

„Доколку дојде до договор за кандидатот за следен претседател на (Европската) комисија, лидерите на политичките групации ќе бидат на располагање да се сретнат со таа личност на 2 јули поради размена на мислења“, рече Мецола.

Таа додаде дека целта на тој процес е да се одреди кандидат кој ќе може да го формира потребното квалификувано мнозинство во ЕП за да стане претседател на Европската комисија, се вели во соопштението на Европскиот парламент. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира