„Да биодејќи тоа е така предвидено и службено. Значи кога ќе констатира Државниот заводот за ревизија, Обвинителството треба да покрене таков случај, но како и да е и ние тоа ќе го поттикнеме. Но, ништо ново за Османи, значи секаде кај што бил злоупотребувал…Само тој знае да објасни како може милион евра за еден ден да се потрошат за рентакар во една мала Македонија. Деновиве слушаме дека неговиот шеф на кабинет, поранешен во Министерство за надворешни работи, Мемеџаку, иако е опозиција, злоупотребува службени мејлови за кампањава, а може да замислите кога тие се власт“, истакна Меџити во изјавата дадена по одбележување на 115 години од раѓањето на Мајка Тереза прашан дали очекува Обвинителството да покрене истрага во врска со наодите на ДЗР во однос на организацијата на Самитот на ОБСЕ .
Во однос на реконструкцијата во Владата која ја најави премиерот, Меџити рече дека се фокусирани на локалните избори, но и дека кога ќе дојде време за реконструкција ќе разговараат со владините поартнери.