Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Меџити ќе и помага на Арсовска, најави шест нови еколошки автобуси за Скопје

Проширување на мрежата на централно греење во Скопје и шест нови еколошки автобуси за ЈСП, но и гасификација на целата држава се дел од мерките за справување со аерозагадувањето кои вчера ги најави министерот за животна средина, Изет Меџити. Тој посочи дека проблемот не може да се реши само со една мерка, туку на него треба да се работи во континуитет.

„Работиме Град Скопје да добие шест еколошки автобуси. Мислам дека со проширувањето на централното греење, а во иднина и со гасификацијата на целата држава, полека но сигурно ќе го решиме проблемот со аерозагадувањето “, рече Меџити.

Минатиот месец министерот за локална самоуправа, Златко Перински, рече дека скопската градоначалничка Арсовска нема да добие пари од унгарскиот кредит за автобуси.

– Целта на јавниот повик е подобрување на инфраструктурата во оние делови каде што локалните самоуправи немаат услови или можност да инвестираат – изјави тогаш Перински.

Во Скопје владее хаос со јавниот превоз. Граѓаните чекаат автобуси по еден час. Кога ќе дојде автобус тој е преполн и не може да се качат сите патници.

Поради несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ кое е мнозинство во советот, и Арсовска, тие не ги гласаат ниту 250 автобуси кои ги ветија во програмата Модерно Скопје, ниту пак проектот на претходниот градоначалник Петре Шилегов, БРТ.

Арсовска победи на локалните избори во 2021 година како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш заедно со Мицкоски ветуваа набавка на 250 еколошки автобуси и бесплатен превоз за сите граѓани.

Зачлени се на нашиот е-билтен