Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на Дневен клик на ТВ21, најави воспоставување на системот „Carsharing“ во Северна Македонија. Меџити рече дека ова е дел од мерките против аерозагадувањето.
Тој рече дека Владата разгледува и опции за да им помогне на општините во делот на јавниот превоз.
„Како Влада работиме на набавка на 100 до 120 електрични автобуси, кои ќе бидат наменети за јавниот превоз во општините, за да им помогнеме на општините со електрични возила“, рече меѓу другото Меџити.
Но, што претставува системот „Carsharing“? Во некои европски земји и пошироко, одредени електрични возила се поставуваат на одредени паркинзи од одредена компанија, каде што членовите можат потоа да изнајмат возило 24/7 преку телефонска апликација. Членовите можат да изнајмат возило за еден час, еден ден или повеќе и по завршувањето на работата, да го вратат на посебни паркинзи одредени од компанијата.