Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Меџити тврди дека најмногу зелени работни места се отвориле при доградби на згради и пасивни куќи

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, на конференцијата на МАРЕС, го истакна значењето на Зелената агенда за Западен Балкан како клучен момент за еколошка трансформација на регионот. Според него, агендата отвора можности за координирани активности за одржлив развој, особено во енергетиката, транспортот и заштитата на животната средина.

„Со оваа трансформација, ресурсната ефикасност, заштитата на природата и климатската акција стануваат централни во економијата, претворајќи ги предизвиците во нови можности,“ рече Меџити. Тој додаде дека зелената агенда, преку кластерот 4, опфаќа клучни области како квалитет на воздухот, биодиверзитет и водни ресурси, каде енергетиката има големо влијание.

Во однос на придонесот за зелени работни места, доминираат доградбите на станбени згради со 42%, пасивни куќи со 21%, соларни колектори со 8%, и обновливи извори на енергија со 6%. Според Меџити, употребата на обновлива енергија не само што креира работни места, туку и ја зајакнува енергетската сигурност преку намалување на зависноста од увоз на фосилни горива.

Тој ја потврди поддршката за обновливи извори на енергија, со услов тие да бидат во хармонија со природата и да не ја нарушуваат животната средина.

Зачлени се на нашиот е-билтен