Заменик-претседателот на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити, учествува на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“, кој се одржува во украинскиот град Одеса, на покана на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Како што објави на својата официјална Фејсбук-страница, Меџити ја нагласи силната поддршка на Северна Македонија за Украина во нејзината борба за слобода, демократија, суверенитет и територијален интегритет.

„Северна Македонија стои на вистинската страна на историјата,“ порача Меџити, оценувајќи го самитот како исклучително важен за регионалната стабилност и иднината на целиот континент. Тој додаде дека настанот претставува можност за продлабочување на партнерствата меѓу земјите од Југоисточна Европа во време на сериозни безбедносни и политички предизвици.