Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Мега-анкета“ која дава попрецизни резултати ја промени прогнозата за победникот на изборите во САД

Британската социолошка компанија Focaldata во своите социолошки истражувања користи иновативен метод наречен MRP, за кој се верува дека овозможува попрецизни резултати и анализи.

Оваа технологија се сости во анкетирање на огромен број избрани испитаници и најновата таква анкета предвидува дека победникот во претседателската трка во САД ќе биде кандидатката на демократите Камала Харис, известува Politico.

Овој метод на анкетирање се одликува со тоа што контактирани се огромен број исптаници. Така, во најновата анкета за изборните преференци на американските граѓани учествувале 31.000 гласачи од цела Америка. Истражувањето се спроведувало во текот на изминатиот месец..

Од анализа на резултатите од MRP-анкетата како и од својата голема онлајн анкета во колебливите сојузни држави, Focaldata дојде до заклучок дека ситуацијата во клучните држави најверојатно ќе биде следната:

• во Мичиген, Харис ќе победи со предност од скоро 5 отсто;

• во Невада, нејзината предност ќе биде околу 2 отсто;

• иако со потесна разлика, демократската кандидатка ќе победи и во Пенсилванија и Висконсин;

• Северна Каролина и Џорџија со мала предност ги добива републиканскиот кандидат Доналд Трамп;

• во Аризона е тешко да се предвиди кој ќе победи.

Од компанијата нагласуваат дека во текот на целата претседателска кампања нивниот MRP-модел ја предвидувал победата на Трамп, но само во последното истражување на врвот избила Харис.

Методот MRP, наречен „мега-анкета“, стана нашироко познат во 2017 година во Велика Британија, кога точно предвиде дека тогашната британска премиерка Тереза Меј ќе го изгуби мнозинството во законодавниот орган, додека повеќето други анкети и предвидуваа победа.

Претходно, и анкетата на друга социолошка фирма, YouGov, спроведена за изданието Times, исто така покажа дека Харис води во четири од седумте клучни држави.

Сепак, по обложувалниците во САД фаворит е Трамп, иако последните состојби покажуваат дека Харис ја намалува разликата.

Борис Камчев од Вашингтон, специјално за Рацин.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен