Меланија Трамп е родена во гратчето Севница во Словенија, како Меланија Кнавс. Започнала да се занимава со манекенство кога имала само шест години, бидејќи нејзината мајка Амалија била шивачка која пораснала на фарма, а нејзиниот татко Виктор бил продавач на автомобили.
Во интервју за Vogue, таа вели дека отсекогаш и се восхитувала на способноста на мајка и, од обични парчиња ткаенина, да создава прекрасни фустани. И дека токму ова ја инспирирало да посака да биде дел од светот на модата.
Во 1992 година Меланија на натпревар на Миз на Словенија ја освојува титулата прва придружничка, по што, во Љубљана почнала да се занимава со манекенство. Паралелно со манекенството Меланија студирала дизајн и архитектура.
Го напушта факултетот за да се посвети на манекенството, за потоа во средината на 90-тите да се пресели во Милано и Париз, каде соработувала со големи модни куќи.
За да привлече поголема популарност Меланија своето презиме го менува од Кнавст во Кнаус.
Во 1996 година се сели во Њујорк каде го доживува најголемитот пресврт во нејзиниот живот.
Додека работела во САД, добила можност да соработува со престижните модни списанија Vogue и Vanity Fair.
Во 1998 година, го запознава бизнис магнатот и медиумска личност, а за оваа средба Меланија, во книгата со мемоари, насловена како „Меланија“, открива како го запознава Доналд Трамп. Таа напишала дека, при првата нивна средба тој бил на состанок со друга девојка, но дека таа му го привлекла вниманието и почнал да флертува со неа.
“Здраво. Јас сум Доналд Трамп – рече човекот кога дојде до мојата маса”, напиша Меланија.
Во книгата со мемоари, Меланија напишала дека
„Го препознала неговото име, но не знаела ништо за него. Трамп пришол и почнал да разговара со неа“. Токму првата средба оставила добар впечаток на Меланија.
„Неговите очи се исполнија со љубопитност и интерес. Ја искористи можноста, седна на мојата маса и започна разговор. Ме праша за времето поминато во Њујорк, мојот дом во Словенија и моите патувања низ светот“, напиша таа. .
„Од моментот кога започна нашиот разговор, ме плени неговиот шарм и леснотија. Имаше толку многу раздвижена активност околу нас, но неговата намера да се фокусира на нашата интеракција ме натера да се чувствувам како да сум во центарот на неговиот свет“, напиша Меланија во мемоарите.
„Освежувачко е да имате разговор со некој кој не е површен, при што му открила дека ја „привлекува неговата енергија“.
Доналд Трамп во тоа време бил со друга жена, а откако таа си заминала ја прашал Меланија за бројот на мобилниот телефон.
Таа го одбила, но побарала и да и го даде својот број. Трамп се согласи, но под еден услов: „Ќе ти го дадам мојот број ако ветиш дека ќе се јавиш“, ѝ рекол тогаш, а другото е историја.
Тие се верија во 2004 година, а се венчаа во јануари 2005 година. Свадбената церемонија се одржа во Палм Бич, Флорида, а на венчавката присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои и двојката Клинтон. Во 2006 година го добија синот Барон, а истата година Меланија и официјално доби американско државјанство.
Во 2016 година ја освои титула на која младата словенка веројатно во младоста не ја сонувала.Трамп победи на претседателските избори во Америка, а Меланија Трамп стана прва дама на САД.
За време на престојот во Белата куќа, првата дама се воздржуваше од јавни настапи. Само повремено имаше полемики. Во неколку наврати не се согласувала со ставовите на нејзиниот сопруг, а тоа го напиша и во своите мемоари.
Нејзиниот стил и однесување постојано беа под лупата на јавноста, со што оставаше впечаток дека едвај чека сето тоа да заврши и да се повлече назад во приватноста со нејзиниот син.