Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Меланија Трамп против нејзиниот сопруг Доналд среде кампањата: Го поддржувам правото на жените на абортус

Во мемоарите што ќе бидат објавени идната недела, сопругата на Доналд Трамп, Меланија Трамп, на еден месец од денот на изборите, таа пишува дека е страстен поддржувач на правото на жената да го контролира своето тело – вклучувајќи го и правото на абортус, открија медиумите.

Британски „Гардијан“, кој пишиува дека има копија од мемоарите, пренесува цитат во кој

„Императив е да се гарантира дека жените имаат автономија во одлучувањето за нивната желба да имаат деца, врз основа на нивните сопствени убедувања, ослободени од каква било интервенција или притисок од владата“, пишува Меланија Трамп среде кампањата во која Доналд Трамп темата за репродуктивните права на жените имаше централна улога и за кои тој застапуваше исклучително рестриктивни ставови.

Одлуката на Меланија Трамп да објави целосно изразување на поддршка за правата за абортус е експлозивна вест не само со оглед на нејзината близина со републикански кандидат кој се кандидира на платформа против абортусот, туку и со оглед на сериозното влошување на репродуктивните права на жените додека на власт во САД беа Доналд Трамп и републиканците.

„Ограничувањето на правото на жената да избере дали да ја прекине несаканата бременост е исто како да и се ускрати контролата врз сопственото тело. Ова верување го носев со себе во текот на целиот мој возрасен живот“, пишува во мемоарите на Меланија.

Во 2022 година, во врховниот судски случај Добс против Џексон, тројца судии поставени кога Доналд Трамп беше претседател, гласаа за да се укине Ро против Вејд пресудата која ги штитеше федералните права на абортусот од 1973 година. Државите со републиканците оттогаш воведоа драконски забрани за абортус.

Зачлени се на нашиот е-билтен