Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мелони: Италија се сеќава на киднапирањето и убиството на Алдо Морo

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска на одбележувањето на 46-годишнината од кога екстремната левичарска организација „Црвена бригада“ го киднапираше лидерот на демохристијаните и поранешен италијански премиер Алдо Моро и уби пет полицајци кои биле во неговата придружба, изјави дека Италија мора да се сеќава и да ги почитува жртвите за тие злосторства никогаш да не се повторат.

Мелони рече дека денеска Италија се сеќава на нив и на сите жртви од тој драматичен период од италијанската историја за, како што наведе таа, тие мрачни години никогаш да не се вратат, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Припадниците на „Црвените бригади“ го киднапирале премиерот Моро на улицата „Фани“ во Рим на 16 март 1978 година и го убиле 54 дена подоцна, на 9 мај.

Зачлени се на нашиот е-билтен