Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да го почитува меѓународното право, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони, цитирана од АНСА.
Мелони истакна дека нема оправдување за ситуацијата во Газа.
-Во последните месеци неколку пати разговарав со премиерот Нетанјаху. Ова често беа тешки разговори, во кои секогаш повикував на итен начин за прекин на непријателствата и на почитување на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, рече Мелони за време на сослушувањето во Домот на пратениците на италијанскиот Парламент.
„Ова е барање што го повторувам и денеска, во контекст на хуманитарната ситуација во Газа, која немам потешкотии да ја опишам како сè подраматична и неоправдана“, додаде италијанската премиерка.
Таа, исто така, посочи дека италијанската Влада не се согласува со неодамнешните одлуки на Израел, и покрај тоа што зад нападот на Хамас врз јужен Израел во 2023 година и суровоста кон заложниците, стои умисла.
Мелони, исто така, рече дека Италија нема да го отповика својот амбасадор во Израел, бидејќи се стреми да ги поддржи мировните напори на Блискиот Исток и е вклучена во критички дијалог со еврејската држава.