Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мелони по средбата со Рама: Ќе градиме прифатен центар за имигранти во пристаништето Шенѓин

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека во албанскиот пристаништен град Шенѓин ќе биде изграден прифатен центар за имигранти, кој се очекува да биде отворен идната пролет.

Ова, како што рече таа, по договорот за соработка за имигрантите меѓу двете земји, што денеска го потпишале со албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на Рим.

Задржувајќи се на добрата билатерална соработка, посочи дека сега „оваа соработка станува уште поплодна“, при тоа додавајќи дека пред еден месец на средба што ја имале со Рама ја разгледале иницијативата поврзана со миграцијата за преземање заеднички иницијативи.

– Против овој феномен не може да се борите сам. Работевме заедно за да ја зајакнеме соработката и поставивме три цели, борба против нелегалната трговија, не само прием на бегалци, Албанија ќе ја даде својата поддршка, додека Италија може да работи со финансии за да го направи овој тип на селекција. Бегалците ќе останат на овие територии и ќе бидат селектирани. Во однос на населението имаме 3.000 луѓе, по одреден режим. Овој проток може да достигне до 36 илјади луѓе и овој договор не вклучува малолетници, трудници и ранливи групи. Во Шенѓин, ќе се изгради прифатен и скрининг центар а ќе има друга структура, додека албанскиот дел ќе се занимава со контрола и набљудување и истиот ќе профункционира следната пролет, изјави Мелони, јави агенцијата Балканвеб.

Во однос на договорот со Италија за справување со имигрантите, Рама оценил дека тоа е големо достигнување.

Меѓу другото, додал дека нема да може да потпише таков договор со ниту една друга земја од ЕУ, но Италија претставува исклучок „поради самиот фактот што сè таа направила за Албанците за време на егзодусот во 90-те години“.

– Не верувам дека нема да можеме во годините што доаѓаат да ги предвидиме годините што може да ги имаме пред нас да го платиме долгот што го чувствуваме кон Италија, и народот на Италија, за она што го направи за нас, од денот кога стигнавме на оваа страна од брегот. Кога и да се јави Италија, Албанија ќе одговори, посочил Рама.

Мелони исто така ја изразила силната поддршка на нејзината земја за евронтегративниот пат на Албанија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен