Меморијалниот турнир „Сотир Мазар 2025“ започнува во Крушево

На повеќенаменското игралиште на Гумење во Крушево, денеска во 18 часот ќе започне Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар 2025“. Турнирот е организиран во чест на Сотир Стојчески Мазар, кој ненадејно почина на 23 април годинава на 31-годишна возраст.

Како што соопштуваат организаторите, во турнирот е пријавен максималниот број екипи, а натпреварите ќе се одржуваат секој ден до петок, со по четири меча дневно, започнувајќи од 18 часот.

Иницијативата за турнирот потекнува од најблиските пријатели и школски другари на Сотир, како начин да се зачува споменот на младиот спортски ентузијаст.

Зачлени се на нашиот е-билтен