На оваа средба треба да се разговара за повоените безбедносни гаранции за Украина.
„Женева би била соодветно место за договор за прекин на огнот. Задутре повторно ќе ѝ предложам на „Коалицијата на подготвените“ да испрати покана за Женева, рече Мерц на прес-конференција заедно со швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер“, јави ДПА.
„Коалицијата на подготвените“, составена од Франција и Велика Британија, со месеци води разговори за да се обиде да дефинира планови за тоа кои земји би можеле воено да ѝ помогнат на Украина да ја одврати Русија од повторен напад откако ќе се постигне конечно прекин на огнот.
Франција ќе биде домаќин на делумно виртуелниот состанок в четврток, на кој ќе се разговара за најновите напори за обезбедување безбедносна поддршка на Украина откако ќе се постигне мировен договор, пренесуваат британските медиуми.