Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Месечен раст на градежниот сектор во ЕУ во септември

 Градежништвото во ЕУ во септември годинава забележа раст од 0,5 отсто споредено со претходниот месец, додека во рамки на Еврозоната зголемувањето изнесува 0,4 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. 

На годишно ниво, пак, како што јави дописникот на МИА, во рамките на цела ЕУ градежниот сектор оствари раст од 0,1 отсто, а во Еврозоната пад од 0,3 проценти.  

Во август 2023 градежништвото во ЕУ имаше месечен пад од 0,8 отсто, а во Еврозоната од 1,1 проценти. 

Гледано по земји, најголем раст на месечно ниво во септември имал градежниот сектор во Словенија од 7,4 отсто, пред Полска од 3,6 и Словачка 2,3 проценти. Најголемо пад е регистриран во градежништвото во Унгарија и Романија од по 1,9 отсто, пред Португалија од 1,2 и Австрија од 0,9 проценти. 

Словенија бележи најголем раст во градежништвото и на годишно ниво од 32,1 отсто, пред Полска од 13,8 и Романија од 10,9 проценти. Најголем годишен пад е регистриран во градежниот сектор во Финска од 6,2 отсто, пред Шпанија од 6,1 и Унгарија од 6,0 проценти.

Зачлени се на нашиот е-билтен