Место во Европа каде се чувствувате како локалец, а не како турист: Ова е најавтентичниот град на континентот

Марсеј е жив центар на уметници и креативци, но и важно индустриско упориште на југот на Франција, што му дава многу посебен шмек.

Патниците денес сè помалку сакаат класични туристички искуства. Наместо тоа, тие бараат места каде што можат да го доживеат локалниот живот, храна и атмосфера, подалеку од прескапите ресторани и „разгледници“ наменети за туристи.

Затоа компанијата InsureandGo, открива кои европски градови им нудат на патниците најавтентични и најдлабоки искуства. Тимот анализираше дури 1,3 милиони прегледи на Google Maps, барајќи коментари што споменуваат зборови како „локален“ и „автентичен“, но и места што речиси и да немаат поплаки дека се премногу туристички.

Врз основа на овие податоци, на градовите им беше доделен општ „индекс на автентичност“, а францускиот Марсеј беше на самиот врв на листата со 51,5 поени од можни 100.

Според InsureandGo, недостатокот на претенциозност во Марсеј е највидлив во неговите „пристанишни области на работничката класа, кои се чувствуваат како да се живеени, а не внимателно дизајнирани за туристи“. Градот е жив центар на уметници и креативци, но и важно индустриско упориште на југот на Франција, што му дава многу посебен шмек.

Населбата Нотр Дам ду Мон, која е подалеку од туристичките гужви, се издвојува. Таму, посетителите навистина можат да го почувствуваат секојдневниот живот на градот, а не само да бидат минувачи.

Второто место го зазеде Варшава. Главниот град на Полска за малку го промаши првото место со резултат од 50,6, и доби пофалби за „комбинацијата од модерна култура, создадена преку реконструкцијата по Втората светска војна, и свесното зачувување на традицијата“. Третото место му припадна на Тбилиси, главниот град на Грузија, кој исто така беше на листата на дестинации со најголем раст во 2026 година според наградите „TripAdvisor Travellers’ Choice Awards“.

Најавтентичните градови во Европа

Според истражувањето на InsureandGo, ова се најавтентичните европски градови:

Марсеј, Франција
Варшава, Полска
Тбилиси, Грузија
Порто, Португалија
Лион, Франција
Вилнус, Литванија
Гдањск, Полска
Неапол, Италија
Франкфурт, Германија
Бледско Езеро, Словенија

Зачлени се на нашиот е-билтен