Meta ќе користи разговори со AI за да прикажува персонализирани реклами на Facebook и Instagram

Компанијата Meta најави голема промена за корисниците на Facebook и Instagram. Од 16 декември 2025, разговорите со Meta AI асистентот ќе се користат за прикажување персонализирани реклами и препораки за содржини.

Промената прво ќе се воведе за корисниците во Велика Британија и Европската унија, а известувањата за новиот начин на прикажување реклами ќе започнат да пристигнуваат од 7 октомври. Компанијата истакнува дека податоците се собираат само од интеракциите со AI асистентот и дека корисниците нема да можат да ја исклучат оваа опција, иако тоа нема да влијае на оние кои не го користат асистентот.

Сега разговорите за купување, патувања или други интереси ќе влијаат на тоа какви содржини и реклами ќе се прикажуваат, вклучувајќи предложени Reels видеа. Дури и гласовните интеракции преку Ray-Ban паметните очила кои користат Meta AI ќе влијаат на препораките.

Овој чекор покажува дека Meta сака да ги поврзе своите инвестиции во генеративната вештачка интелигенција со основниот бизнис – рекламирањето. Стручњаците предупредуваат дека ова ќе овозможи попрецизно таргетирање на публиката, но истовремено носи и дополнителни ризици за приватноста, особено во Европа каде што законите за заштита на податоците се строги.

Зачлени се на нашиот е-билтен