Коордианаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ја претстави „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, рече на денешната прес-конференција пратеникот Никола Мицевски. Информациите кои во јавноста ги пласираше СДСМ во врска со договорот Мицкоски – Старемер за мигрантски кампови на македонска територија, ги нарече лажни сецарија кои наводно ги немало во владината политика. Тој соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ има своја резолуција со 9 точки. Според Мицевски резолуцијата воспоставува јсна државна политика против нелеглалналтлал лмиграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување.
„Таа е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврддува дека такви плитики не постојат ниту ќе постојат , се поништуваат сите претходни аранжмани на владта на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасе говор, заштитата на безбедноста, стапбилноста и межуетничките односи, исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласувње“, рече Мицевски.
Во таа насока, оваа Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на Република Македонија и од таа причина ги покануваме сите парламентарни партии заедно да ја поддржат, додаде Мицевски.
Со цел да им објасниме на граѓаните дека овде станува збор за игра на зборови, односно поинакво дефинирање на мигрантите.
Денешната прес конференција на Мицевски за СДСМ пак е потврда на предупредувањата на АСДСм, дека ВМРО-ДПМНЕ за пари ќе носи мигранти во државата, бидејќи според нив ДПМНЕ си игра со зборови.
„НЕ ПОСТОЈАТ ЛЕГАЛНИ И НЕЛЕГАЛНИ МИГРАНТИ. ПОСТОЈАТ САМО МИГРАНТИ. Мигрантите се луѓе кои ги напуштиле своите домови и избегале во други земји поради војната што ги погодила во нивната земја. Не постои начин да бидеш „легален“ или „нелегален“ мигрант кога бегаш од војна и ја напушташ својата татковина. Истото ѝ се случи и на поранешна Југославија на почетокот на граѓанската војна. Тие луѓе кои бегаа, а ние ги нарекувавме „избегани и раселени лица“, често нарекувани „бегалци“. Да се биде „бегалец“ или „мигрант“ е идентична работа, само наречена со друго име“, информираат од СДСМ..
Од СДСМ додаваат дека, партијата веќе неколку денови информира дека ДПМНЕ се обидува да го избегне прашањето за мигрантите.
„Пред неколку дена Мицкоски, по изјавата „ако некој види нелегален мигрант до пролет“, токму преку дефинирањето на „нелегални“ мигранти објасни дека се обидуваат со дефиниции да го избегнат она што стои зад сето ова! А тоа е „мигранти за пари“. Мигранти во јуни во Македонија. Истото го потврди и Антониот Милошоски од ДПМНЕ гостувајќи во емисијата, каде даде уште една дефиниција – „економски работници“! Со ова е потврдено сè што СДСМ го зборува и за што предупредува.Ова е нивното предавство на Македонија, мигранти за пари. Денеска нивното признание го имаме и на хартија. Потпишано“, велат од СДСМ.
Според СДСМ ова е уште еден доказ за граѓаните, зошто ДПМНЕ не сака да ја потпишат Резолуцијата предложена од нив.
„Сега го имате и напишано, а наскоро, бидејќи ќе ја достават во Собранието на потпис – и потпишано „со вашиот потпис“, преку пратениците на ДПМНЕ! Вистината секогаш победува“, велат од СДСМ.