Откако за 100 дена неуспеси на Владата реагираше претседателката на организацијата на работодавачи Владанка Трајковска која посочи дека работодавците немаат никаква конкретна информација на кој начин половина од парите од најавениот унгарски кредит ќе одат за бизнисот, а и дека очекувале дека оваа Влада ќе има сенс за бизнисот, а не добиле ништо, Мицкоски тврди дека оваа оценката не е точан и е дадена без консултација со работодавачите.
Тој бил изненаден од овој коментар па се јавувал кај некои од бизнисмените и ги прашувал во што е проблемот, ама тие според него имале различен став од Трајковска.
-И јас се изненадив да бидам искрен и велам чекај да се јавам на некој од бизнисмените и стопанските комори тие па имаа спротивен став и добро е да ги прашате. А и добро е да прашате зошто претседателката на Организацијата на работодавачи имаше таква позиција без да консултира никој од работодавачите, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Повеќето економисти исто така рекоа дека имале повеќе очекувања од владата на Мицкоски, синдикатите пак чекаат состанок со премиерот околу нивното барање за зголемување на минималната плата што беше ветено во првите 100 дена, но тоа не се случи, а не се одржа ни економско- социјален совет на кои работодавачите, Владата и синдикатите би разговарале за сите проблеми.