Мицкоски денеска ќе биде во Кочани, еве зошто

Мицкоски

Прес службата на Владата извести дека денеска во 11:45 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во Општина Кочани.

Потоа, ќе изврши увид во градежни работи на мост на Кочанска Река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ со улица „Вера Которка“, како и увид во градежни работи при изградба на дел од потисен цевковод од јазол до изливен базен на препумпна станица од водоводниот систем.

Во соопштението на Владата се вели дека премиерот по настанот ќе даде изјава за медиумите во која, можеби, ќе објасни зошто родителите на загинатите во пожарот во Кочани си отидоа од комеморативната седница во Собранието со дополнителна горчина во душите.

Зачлени се на нашиот е-билтен