Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал. „Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“. „Таму се фатени буквално во сериозен криминал“, говореше претходно Христијан Мицкоски, потсетуваат од СДСМ.
Сега, велат од партијата, откако дојде на власт и седна во премиерската фотелја, Мицкоски веднаш смени лента.
„Одеднаш се е различно, се е супер. Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните“, пососчуваат се посочува во соопштението на СДСМ.
Вакво лажење на народот досега е невидено, потенцираат од оваа партија, и истакнуваат дека „се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.