Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, во врска со истргата за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа над 60 млади луѓе и беа повредени над 200, рече дека не сака да ја коментира работата на Јавното обвинителство.
„Во суштина, генерлано станува збор за политички пораки од опозицијата. Одговноста, односно за тоа што мислат граѓаните ќе видиме за три ипол, до четири месеци и тоа на локалните избори. Тоа што мисли СДСМ е една работа, а што мислат граѓаните е друга работа. Ќе го видиме тоа многу скоро на избори. Доколку граѓаните сметаат дека треба да си заминам и да понесам одговорност, ќе си заминам уште истиот ден, нема да чекам како што беше во 2021 година. Но знам дека граѓаните не го делат истото мислењето со СДСМ и останатите кои се обидуваат преку некоја капања да добијат некој политички поен, мислејќи дека така и мене лично и на Владата ќе и нанесат штета. Мислам дека тоа им се враќа како бумеранг, но за тоа ќе бидат уверени кога ќе дојдат локалните избори“, рече Мицкоски.