Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски го компензира изостанатото покачување на платите на наставниците со К-15 што СДСМ го врати после 23 години

Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Да, иако тоа во основниот буџет не беше предвидено, во ребалансот на буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која што е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши некаде кон крајот на ноември, почетокот на декември, рече Мицкоски.

Она што не го рече Мицкоски е дека задолжителната исплата на К-15 како мерка со закон ја донесе СДСМ минатата година кога беше потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор.

Правото за регрес за годишен одмор (К-15) за првпат, по 23 години, во секторот образование беше обезбедено преку Општиот колективен договор за јавниот сектор, кој го изготви и го потпишаа Сојузот на синдикатите на Македонија и Владата предводена од СДСМ.

По повеќе од две децении, наставниците и администрацијата ќе добија 13та плата минатата година, и тоа по 10.000 денари, а од оваа регресот за годишен одмор, согласно договорот треба да биде 30% од просечната плата.

Пред да биде потпишан колективниот договор лани, последно исплатениот К-15 за вработените во образовниот сектор беше во далечната 2000 година. Тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, за последен пат, им подели К-15 на вработените во вид на канти сирење, кашкавал, сувомесни и други прехранбени производи во вредност од тогашното К-15, а потоа регресот за годишен одмор беше укинат.

Најново