Мицкоски и Касами го видоа писмото на Ахмети

Фотографија од средбата Ахмети-Мицкоски во Собранието на 8 ноември 2021 година
Фотографија од средбата Ахмети-Мицкоски во Собранието на 8 ноември 2021 година

„Не сум сигурен дека писмото на Ахмети во јавноста заслужува посебен третман и коментар“, рече Мицкоски. Премиерот му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дел од прашањата кои ги наметнува во писмото, да ги упати и до уставните судии за кои, како што вели, биле избрани во време кога СДСМ и ДУИ биле на власт.

Тој открива дека содржината на писмото била поделена во два дела и дека очекува јавноста да го донесе својот суд. Смета дека времето на политичари кои сакаат да влијаат врз одлуките на судиите и обвинителите е минато.

И Билал Касами од Вреди со порака до Ахмети, дека Албанците имаат владин претставник и наместо да пишува писма да почне да се занимава со внаптрепартиските проблеми кои ги имаат во Мала Речица.

Ахмети во писмото предупредува дека земјата во делот на меѓуетничките односи се враќа во 2001та. Реакцијата доаѓа откако Уставниот суд го укина балансерот и по најавената ревизија на Законот за употреба на јазиците. Ахмети уште му пиша на Мицкоски дека ваквите случувања не се во корист на земјата, особено не во услови кога светот се наоѓа во чувствителна и  комплексна геополитичка состојба.

Зачлени се на нашиот е-билтен