Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски и Николоски да се договорат: Албанија, влегува или не влегува во ЕУ?

Министерот за транспорт и врски – Александар Николоски вчера во интервју за Канал 5, осврнувајќи се на интегративниот процес на земјава во ЕУ, се пофали дека тој е првиот што изјавил дека Северна Македонија ќе и се придружи на Албанија во пакет на патот кон ЕУ.

Воедно, Николоски рече дека е убеден оти Албанија никогаш нема да стане полноправна членка на Унијата, не поради Албанија, туку поради ЕУ.

„Сега изјавувам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не поради Албанија, туку поради позициите на Европската Унија“, рече Николоски.

Неговиот шеф Мицкоски, пак, денеска изјави:

„Бевме во многу групи што предводеа во евроинтергациите, а еве сега и Албанија ќе не претрка“..

Ова се совпаѓа со информациите што ги има Рацин.мк од извори од Брисел дека ЕУ институциите се подготвени да ги стават Албанија и Црна Гора на брза лента бидејќи овие две земји имаат постигнато голем напредок, особено Подгорица, и дека Европската комисија со овие две земји има причини да прогласи успешен процес за проширување на унијата.

Брза лента за Црна Гора и Албанија, а Македонија, како што вели Мицкоски од предводничката група оди во „вора лига“.

Додека да се договорат премиерот и вицепремиерот, јавноста со љубопитност ги чека новите предвидувања на видовитиот Николоски.

Најново