Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски и Перински не побарале оставка од Арсовска иако отишла без план на состанокот во Владата

-Нашите очекувања како Влада беа дека од страна на Градот ќе слушнеме некаков план или некакви реални потреби кои ние како влада можеме да помогнеме за тој да се реализира. Од нивна страна не слушнавме ништо конструктивно. Очајна е состојбата во Градот и во јавните претпријатија и како генерален заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје е една фаза од препреките за реализација на проектите од страна на Градот, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински по заедничкиот состанок во Владата заедно со премиерот Христијан Мицкоски, и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Состанокот беше помпезно најавен за денеска, откако неколку дена преку медиумите меѓусебно се прозиваа Мицскоски и Арсовска за да се изнајде решение за две јавни претпријатија на Градот – „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило, но и „Јавното сообраќајно претпријатие“ (ЈСП), но сепак она што е интересно е што Перински на новинарско прашање за време на прес конференцијата рече дека тие всушност не побарале оставка.

-Не побаравме оставка, бидејќи претпријатијата се во лоша состојба и некој мора да понесе одговорност. Нашите очекувања како Влада беа дека од страна на Градот ќе слушнеме некаков план или некакви реални потреби кои ние како влада можеме да помогнеме за тој да се реализира. Од нивна страна не слушнавме ништо конструктивно. Очајна е состојбата во Градот и во јавните претпријатија и како генерален заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје е една фаза од препреките за реализација на проектите од страна на Градот“, изјави Перински.

Тој рече дека Арсовска предложила до крајот на оваа недела да состави план што да се направи и истиот во четврток би требало да биде презентиран пред советниците во Град Скопје. Владата, како што додаде, ќе помогне колку што и дозволуваат ингеренциите.

На прес-конференцијата Перински неколку пати нагласи дека неисполнувањето на законските обврски на Градот, како што е на пример собирањето на отпад, е и кривично дело. Сепак, како Владата кажа дека не планираат да поднесат кривична за градоначалничката, но тој лично како скопјанец одговори „можеби“.

Арсовска стана градоначалничка со поддршка од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на изборите во октомври 2021 година. Но, уште во првата година од мандатот патиштата им се разидоа поради меѓусебни обвинувања околу проектот за пречистителната станица.

Следните локални избори во Северна Македонија, на кои скопјани ќе гласаат за нов состав на Советот на Град Скопје и за градоначалник треба да се одржат во октомври 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен