Мицкоски купува време, со Таравари ќе се сретнел дури по први мај

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна најави дека ѓтом ќе се врати од Дубаи, ќе се сретне со коалицискиот партнер лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари. Но денеска од кабинетот преку соопштение објавуваат дека таква средба ќе има дури за десеттина дена. Во владиното соопштение пишува дека ‘во моментов имал редовна комуникација со членовите на Владата и дека средба поврзана со тоа дали АА и министерот за здравство ќе останат дел од Владата се очекува да има по 1 мај’.

Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи денеска во изјава за медиумите истакна членовите на Владата од Алијансата на Албанците предводена од Арбен Таравари засега остануваат во владиниот тим и оти работата во извршната власт продолжува нормално.

„АА е во Владата, нема планови за промена на нашите позиции во Владата. Продолжуваме со работа, секојдневно, како ништо да не е сменето. Вчера имавме владина седница на која не беше кажана ниту една загриженост“, рече Фетаи.

Фетаи верува дека во наредните денови премиерот Мицкоски ќе има консултации, одделно со партиите, со коалицијата ВЛЕН, Алијансата за Албанците, ЗНАМ.

„Верувам дека нема простор за еднострани потези од ниту една партија и дека мора да се размислува за стабилноста на оваа Влада. АА со своите петмина пратеници е клучна за стабилноста на овој состав“, рече тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен