Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски најави дека ќе биде ескорт личност за ВИП гости на скопскиот аеродром

Вјоса Османи е добредојдена во земјата и лично следниот пат јас ќе ја пречекам на аеродромот и ќе ја придружувам за да се избегнат инциденти особено од поединци кои се наш домашен проблем, рече премиерот Христијан Мицкоски за инцидентот со косовската претседателка, на скопскиот аеродром при што одбила безбедносна проверка, а се вмешало обезбдувањето на собранискиот спикер, Африм Гаши.

„Жалиме за инцидентот со претседателката на Косово на 2 август на скопскиот аеродром. Таае добредојдена, како и сите граѓани на Косово, и бидејќи не сакаме тоа да се повтори, јас лично, доколку навремено добијам информација, ќе бидам на аеродромот и да ја пречекам како домаќин и заедно со мене, додека не отпатува од Скопје, ќе ја придружувам за времето додека таа го поминува на аеродром за да избегнеме ваков тип на инциденти“, истакна Мицкоски на заедничката прес конференција со косовскиот премиер Албин Курти во Скопје.

Ова тој го повтори уште еднаш во текот на конференцијата кога дополни дека вакви слични инциденти имало и во 2023 година, во септември и октомври, но не сакаше да даде повеќе детали за нив и рече дека се дел од истрага која што е во тек.  

Мицкоски не кажа дали оваа обврска ќе ја преземе само за косовската претседателка или ќе придружува и други гости во транзитот на скопскиот аеродром.

Тој по средбата со неговиот косовски колега, рече дека како македонски премиер и тој е подложен на вакви процедури, но и сите официјални лица. Премиерот рече дека целата ситуација предизвикала чувство за коешто жалиме и не сакаме да се повтори.

Македонскот премиер истакна и дека добрососедските односи се двонасочна улица, оценувајќи дека дипломатските односи со Косово не се нарушени.

Османи и во минатото правела инциденти, кога при патување со комерцијален лет одбивала да ги предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер, а нејзиното обезбедување се расправало со вработените.

Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи.

Зачлени се на нашиот е-билтен