Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски најави дека платите во образованието ќе пораснат за 46 проценти, ама за четири години

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска изјави дека од овој месец платите во основното и средното образование треба да се повисоки за пет отсто.

„Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образовани да биде повисока за 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена. Во април 25-та, практично од мартовската плата ќе бидат за дополнителни 7 проценти. Април 26-та, 7,5 до 10 проценти во зависност од кондицијата на Буџетот. Април за март практично 2027 повторно 7,5 до 10 проценти и веќе април 28-ма за март 28-ма од 10 до 12,5 проценти. Така што минимум во овој дијапазон временски платата ќе биде просечна, во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 проценти што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво. Дали е доволно, не е доволно. Но, тоа е во рамките на нашите можности, бидејќи во моментот ако е просечната плата во државата повеќе од 41.000 денари, во образованието таа е 9.000 денари помалку, околу 32.000 денари“, изјави Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен