Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Оние на кои не им се допаѓа македонската химна нека си одат во друга држава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека пречки за коалиција по изборите со партиите од албанскиот опозициски блок не постојат, но на лидерот на Беса и другите околу забелешките за химната порача дека „ако не им се допаѓа слободно нека ја напуштат земјата и нека одат таму каде што повеќе им се допаѓа“.

Објаснувајќи го неговиот став и ставот на партијата, откако во две скопски општини понеделнички во училиштата се интонира македонската химна, Христијан Мицкоски во интервјуто на Канал 5 рече:

„Ако сите ние сме расчистиле дека ова е наша татковина, тука сме се родиле; оние што не расчистиле со тоа, сѐ додека добиваат плата од буџетот, кој јас го полнам, т.е. го полнат граѓаните на Македонија, тие треба да ги почитуваат државните обележја.

Ако не им се допаѓа, слободно нека ја напуштат и нека одат таму каде што им се допаѓа и нека ги воспеваат симболите на таа држава која повеќе им се допаѓа од Македонија“.

Според него, тие не треба на глас да ја пејат македонската химна, „но би било навредливо за мнозинството граѓани на таков начин да соопштувате политички ставови, затоа што за нив гласале и етнички Македонци. Тоа е навреда за тие луѓе. Тоа е исто јас како политичар да го игнорирав Денот на албанската азбука. Јас не го игнорирав“.

Мицкоски рече дека не само што не е подготвен да разговара за нова химна, туку дека тоа не е ни тема. (Независен)

Зачлени се на нашиот е-билтен