Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Платата на Мицкоски изнесува 140.450 денари, а барањата на Синдикатите за повисока минимална од 27.000 биле политички

Премиерот Христијан Мицкоски ја користи секоја можност да ги спречи критиките на ССМ за штетите коишто Владата ги предизвикува врз работниците.

Откако денеска се изјасни дека минималната плата нема да се покачи на 450 евра, го обвини Синдикатот дека во барањето имало политичка позадина.

Ветувањата на Мицкоски во предизборието дека ќе обезбедат повисоки плати се покажа дека се празни зборови, а работниците ги злоупотреби за политички цели.

И со ребалансот не се предвидени пари за повисока минимална плата.

Мицкоски нема да ги покачи платите и тоа сега кога трошоците за живот интензивно растат, животот на граѓаните станува се потежок, премиерот им сврте грб на работниците.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вчера предупреди дека прекинот на трендот на постојан раст на платите, вклучително и на минималната плата оди на директна штета на работниците. Филипче истакна дека СДСМ успешно ги покачуваше платите изминатите 7 години.

,,Денеска гледаме дека трошоците за живот се покачени а платите не се зголемуваат, што апсолутно значи дека животот за граѓаните станува потежок”, рече Филипче.

Инаку Владата на својата веб страница ги објави платите на функционерите, па така сега граѓаните можат да видат премиерот, но и министрите колкави плати земаат.

Како што може да се забележи, платата на премиерот Христијан Мицкоски изнесува 140.450 денари или околу 2.280 евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен