Иако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со денови наназад говореше дека за него е прифатлив предлогот за една изборна единица, сепак на денешната 53. собраниска седница неговите пратеници не го гласаа.
Со тоа падна во вода предлогот на Либерално-демократска партија да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листи. Предлогот доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата.
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова образложувајќи го законот рече дека на тој начин сите рамноправно ќе учестуваат во изборниот процес. Зајкова за дел од медиумите рече дека очекувала да помине потребата на денешната собраниска седница за потоа на комисија да се дискутира по однос на одредени амандмани.
Зајкова порача дека иако во првичниот предлог на ЛДП не била доставена идејата и дијаспората да може да гласа, сепак се отворени да разговараат.
Таа најави дека предлгоот повторно ќе го достават до Собранието.