Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски барајќи ја довербата од вевчанци и глас на локалните избори, рече дека во Вевчани живее честит и гостопримлив народ, кој знае како се сака и чува Македонија.
„Ова се избори за тоа, како сакате да продолжи да се развива општината, затоа што во Вевчани не е само културата, важен е и духот кој го носите во себе, тука се и маалата, улиците, природата, зелените површини. На овие избори одлучуваме за микро светот во кој пораснавме, во кој се гради карактерот на секој еден од нас“, рече Мицкоски.
„На Вевчани му треба домаќинско работење“, потенцираше тој.
Мицкоски од Вевчани со прогноза дека на овие локални избори Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен пораз.