Мицотакис: Годинава во пожарите изгореа 47.700 хектари, нешто помалку од просекот од изминатите 20 години

Грачкиот премиер Кирјакос Мицотакис, посочи дека годинава Медитеранот доживеал апсолутна катастрофа во однос на пожарите, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Оваа година во Грција во пожарите изгорела површина од 47.700 хектари, што според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е нешто под просекот од изминатите 20 години.

На почетокот на денешната владина седница, Мицотакис, меѓу другото направи преглед и на сезоната на пожари за 2025 година, посочувајќи дека тоа е важно не само за да имаат слика каква беше ситуацијата во текот на летото, туку и да се идентификуваат недостатоците за да можат подобро да се подготват за следното лето.

Спомена дека годинава беше „апсолутно катастрофална година за Медитеранот во однос на пожарите“, потсетувајќи дека во ЕУ изгореа повеќе од еден милиони хектари, „три пати повеќе од просечната статистика од последните дваесет години“.

„Ние успеавме и се справивме со овие многу тешки услови со загуби кои беа малку под дваесетгодишниот просек, 47.700 хектари. Не се малку, многу се, но се под дваесетгодишниот просек и во исто време кога во Европа изгоре три пати поголема површина од просекот од последните 20 години. Направивме напредок, главно во брзото откривање и почетното справување со пожарите. 97 отсто од пожарите беа локализирани и ставени под контрола додека сè уште беа многу мали и сигурно можеме да извлечеме многу позитивни пораки од справувањето со пожарите ова лето за да бидеме подобро подготвени за предизвиците на следното лето“, истакна Мицотакис.

Голем дел од министрите на денешната владина седница учествуваа преку видеоконференција, бидејќи грчкиот премиер од синоќа е позитивен на ковид, но со благи симптоми и состанокот го водеше од неговиот кабинет со физичко присуство на само неколку министри, кои носеа маски.

„Вака малку се потсетуваме на старите времиња, кои за среќа ги оставивме зад нас. Поради правилните препораки од Министерството за здравство, проценивме дека би било подобро денешната владина седница да се одржи преку видеоконференција сè додека не исчезнат целосно малкуте симптоми што ги имам“, рече Мицотакис на почетокот на состанокот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен