Потребата од итен прекин на огнот, ја истакнал грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на учеството на двете одделни видеоконференции за Украина, едната на лидерите на ЕУ, другата на лидерите на Европската народна партија и притоа ја повторил цврстата позиција на Грција за неповредливоста на границите, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис посочил дека е позитивно тоа што по вчерашните состаноци постои видливост за следните чекори и за средба меѓу претседателот на Украина и претседателот на Русија.
Дополнително ја нагласил потребата од итен прекин на огнот, го изразил неговото задоволство за намерата на Соединетите Американски Држави да ги поддржат безбедносните гаранции и го повторил цврстиот став на Грција за неповредливоста на границите.