Промени на министерските позиции и на нивните заменици во неколку Министерствата, како што се она за развој, за земјоделство, за внатрешни работи, за миграција и азил, за труд, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис претпладнево го соопшти новиот владин состав, а доколку се направи споредба со претходниот состав, непроменети на нивните позиции остануваат министрите за надворешни работи, за одбрана, за економија и финансии, за климатски кризи и цивилна заштита, за образование, за заштита на граѓаните, за здравство, за транспорт и инфраструктура, за животна средина и енергетика, за правда, за култура, за поморство, за туризам, за дигитално управување.
Новите членови на Владата попладнево ќе положат свечена заклетва, додека пак утре наутро ќе се одржи владината седница што првично беше закажана за денеска, меѓутоа се одложи поради реконструкцијата.
Промената во Владата доаѓаат по европските избори во неделата на кои Нова демократија победи со 28,3 отсто од гласовите, но владејачката партија не ја постигна поставената цел, односно 33 отсто што беше резултатот од претходните евроизбори, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис тогаш рече дека пораката од граѓаните била „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“.