По инцидентите во четвртокот за време на одбојкарски натпревар во кои сериозно беше повреден полицаец, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска одржа вонреден состанок за спортското насилство, јави дописничката на МИА од Атина.
На состанокот присуствувале надлежните министри, а одлуките ќе ги соопшти в понеделник портпаролот на Владата
Според грчките медиуми се очекува да бидат воведени построги мерки за справување со спортското насилство.
Во инцидентите што во четвртокот се случија во Атина пред спортска сала за време на одбојкарскиот натпревар Панатинаикос-Олимпијакос, тешко беше повредени полицаец, кога бил погоден во горниот дел од ногата со пиротехничко средство.
Полицаецот е хоспитализиран и сè уште е во критична состојба
Ова е втор сериозен инцидент во период од четири месеци, откако на почетокот на август беше убиен навивач на АЕК.