Мицотакис телефонски разговарал со Нетанјаху и ја истакнал потребата за итна деескалација

Потребата за итна деескалација, ја истакнал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговор со неговиот израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху, што била по иницијатива на премиерот на Израел, како што информираа од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, Мицотакис рекол дека Иран не треба да се стекне со нуклеарен арсенал, но сепак нагласил дека „решението лежи во дипломатијата и дека последното нешто што му е потребно на регионот се нови фронтови на конфликт“.

Дополнително, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја нагласил и потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на заложниците и непречен проток на хуманитарна помош. 

Зачлени се на нашиот е-билтен