Мигранти го демолирале кампот во Табановце

Порталот Инфомакс, повикувајќи се, како што наведуваат, на високи извори, објави дека „поголема група на мигранти го демолирале кампот за мигранти во Македонија на граничниот премин Табановце“.

Порталот пишува дека 20-тина мигранти предизвикале сериозен инциденти и нанеле сериозни штети по објекти и инфраструктура во кампот, контејнери, кујната за храна и објекти на Црвен крст.

– Обиена е кујната во кампот и украдена храната, исечен со нож е шаторот-кујна, обиен е објектот на црвен крст кај што е сместен персоналот, украдени мобилни телефони и други работи, се соблекуваат голи машките и шетаат голи во дворот на кампот, а помеѓу персоналот има и жени, вели изворот за Инфомакс.

Изворот потенцирал дека известени се сите меѓународни институции за случувањата во кампот.

– Во информацијата која ЦУК ја доставува секоја среда по електронска пошта до сите институции кои учествуваат во системот за одговор на Мигранската криза, е доставен целосен приказ за штетите кои ги имаат направено и за неморалното однесување на мигранти од Египет и Авганистан кои дел од нив со регистрација преку МВР-Гранична полиција се сместени во објектите за сместување за мигранти, вели изворот.

Изворот потенцира дека е алармирана полицијата за случувањата во кампот и потенцира дека Црвениот крст денес нема да ги пружа своите услови кон мигрантите со цел да се заштити животот и безбедноста на волонтерите.

– Во насока на заштита на своите вработени Црвен крст од денес се повлече од ТПЦ Табановце и денес нема да се служи храна и пружаат други услуги кон мигрантите. Алармирана е граничната полицијаи побарана е координација на сите институции во насока на носење на соодветни одлуки и заклучоци во однос на понатамошното однесување на сите институции вклучени во системот за одговор, во насока на надминување на проблемот во камповите, вели изворот.

Зачлени се на нашиот е-билтен