Спроведувањето на програмите за воена опрема и прашањата поврзани со управувањето со бегалско- мигрантската состојба, биле главните теми на денешниот состанок на Владиниот совет за национална безбедност на Грција, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за редовен состанок што го свикува грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и се одржува во Премиерската палата.