Лидерот на младината на СДСМ Марко Михаилоски денеска објави ново видео со кое овој пат го разобличува тврдењето на Апасиев дека наводно немало попусти за студенти со картичките за попусти низ Македонија.
Михаилоски на Апасиев ја спротиставува Европската младинска картичка и ги повикува сите млади да извадат картичка за над 400 попусти низ целата држава.
Европската младинска картичка е бесплатна, а може да ја добие секој млад човек во државата, на возраст од 15 до 29 години. Аплицирањето за картичката е онлајн, преку апликација во која корисникот ги внесува личните податоци.
Со користење на картичката, велат од Агенцијата за млади и спорт, младите имаат поволности и попусти во разни сектори, и тоа: угостителски објекти, малопродажба, култура, спорт, едукативни центри за обуки за стручни вештини итн.