Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Михалис Рокас од денеска започна да ја обавува должноста амбасадор на ЕУ во Македонија

Новоименуваат амбасадор на ЕУ во Северна Македонија Михалис Рокас од денеска ја презема оваа должност, известија од Делегацијата на ЕУ во Скопје,

„Денес посакуваме добредојде на новиот Амбасадор на ЕУ во Северна Македонија Михалис Рокас“, напишаа од Делегацијата.

Грчкиот дипломат Михалис Рокас на оваа функција го замени Дејвид Гир.

Рокас, кој неколку децении работи во европската дипломатија, пред оваа функција беше амбасадор на ЕУ во Малезија.

Рокас е дел од амбасадорските промени на Западен Балкан, што ги предложи водечкиот европски дипломат Жозеп Борел.

Зачлени се на нашиот е-билтен