„Миљацка“, „Романија“, „Први пољубац“… ќе ечат денес во Сараево во чест на Халид

Граѓаните на Сараево спонтано ја покренаа идејата денес, на 8 октомври, да се соберат пред Домот на младите и заедно да ги запеат најпознатите песни на Халид Бешлиќ.

„Дојдете, понесете гитари, разгласи, тапани – што и да имате. Понесете љубов за Халида“, стои во повикот што се шири по социјалните мрежи.

Настанот е замислен како емотивен спомен и благодарност кон легендарниот пејач, чија музика со децении ги обединува генерациите и ги поврзува луѓето низ целиот регион.

Денес Сараево ќе пее – за Халид, за љубовта и за сите спомени што неговите песни ги носат.

Зачлени се на нашиот е-билтен