Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Миле Јанакиески излегува од затвор, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра

По шест години во затвор за повеќе предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска излегува од затворот „Скопје“.

Апелациониот суд во Скопје, претходно донесе одлука тој да добие условен отпуст за предметот „Титаник“.

Покрај „Титаник“, Јанакиески беше обвинет и во „Шпански скали„ и „27-ми април“.

Европскиот суд за човекови права и слободи лани ја објави пресудата во случајот на поранешниот министер против Северна Македонија, во однос на изречените мерки притвор за судските предмети за „27 април“ и за „Шпански скали“, во која стоеше дека му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права.

Според пресудата, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра на Јанакиески, од кои 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.

Зачлени се на нашиот е-билтен