Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Милионскиот имот на Мицкоски и неговото семејство главна тема на собраниската дебата

Mитинг на вмро во Скопје, 18 јуни 2022 (фото: К. Михаилов)

Имотот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стана една од главните теми за расправа на денешната собраниска седница, откако опозициските пратеници за обвинија власта за криминал. Пратениците од владејачкото мнозинство порачаа опозицијата да не ја дефокусира јавноста од вистинското прашање – како Мицкоски успеал да стекне толкав имот.

Темата се покрена откако порталот „Индекс“ објави дека во елитната населба во Скопје, Козле, Мицкоски, наводно купил земјиште, куќа и барака, потоа ги урнал и изградил две куќи, а тоа го чинело еден милион евра. Тие тврдења претходни беа изнесени во „Инфомакс“. Порталот „Индекс“ тврди дека има увид во имотните листови, но дека тие не биле на името на Мицкоски, туку дека во Катастарот биле заведени на името на неговиот зет за сестра.

Според пратениците, ова прашање пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да му го постават на својот лидер, а потоа со чист образ да обвинуваат други за криминал.

– Треба да и се погледне на вистината во очи. Не може некој да вели дека со професорска плата многу тешко се живее, а истовремено, под закрила на својот зет, гради куќа од милион евра. Тоа не е чист образ, рече пратеничката на СДСМ – Снежана Калеска Ванчева.

– Цела недела медиумите пишуваат за богатството на вашиот претседател и во Охрид и во Скопје и во Црна Гора. До ден денеска вашиот претседател не демантираше ништо што се однесува до ова. Ве молам, ако сакате да зборувате за куќата на Таравари нека провери Обвинителството како е купена, триесет години тој е врвен лекар и може да си дозволи да купи куќа – рече Елми Азири од Алијанса за Албанците.

Во дискусијата се вклучи и пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски според кого, кога се говори за криминал треба опозиционерите да имаат образ и да се потсети дека нивниот партиски лидер изградил куќа од еден милион евра.

– Треба да го прашате зошто ве дриблаше на мали голчиња за вие тука да зброувате се и сешто, додека тој трупа имот. Легитимното прашање е дали причината поради која тука со денови ја замајувате јавноста и говорите со денови се и сешто само она што треба не, е причина Мицкоски на мала врата да трупа имот и во Црна Гора и во Охрид и во Скопје – истакна Каевски.

– Вашиот лидер треба да одговори како со просечна професорска плата се стигнува до куќа од еден милион евра во Скопје, со имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора. Преку испити, преку упис на студенти? Како? – праша пратеничката од мнозинството, Љубица Спасовска.

Претходно Мицкоски побара од дел од медиумите, како што наведе блиски до СДСМ и ДУИ, да се извинат поради тоа што објавиле дека купил и реновирал куќа во Козле во вредност од еден милион евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен