Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Милков: Се надевам дека Македонија ќе се вразуми, топката е на нивен терен

МНР Бугарија Николај Милков

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков за БТВ изјавил дека во последните месеци има ескалација и акумулација на тензии во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Сведоци сме на голем број непријателски дејствија кои не се во согласност со разбирањето меѓу двете земји. Се надевам дека ќе се вразумат од гледна точка дека треба да размислуваат за европската перспектива на својата земја. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на таканаречениот француски или европски предлог. Кога ќе го направат тоа, тогаш ќе започне првата фаза од преговорите за нивно пристапување во Европската унија. И тогаш има многу форми и начини како да се контролира предлогот“, потенцираше министерот за надворешни работи.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново