Милошоски не знае дали „Шарлатан“ е навреда па ќе консултира речник, еве да му помогнеме

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски одби да го „дисциплинира“ министерот за правда Игор Филков кој пратениците на СДСМ ги нарече „шарлатани“ и дека прават „циркус“ затоа што му поставиле прашања дали тој, односно владата испратиле барање за екстрадиција за бегалецот Никола Груевски.

„Малку сметам дека е пренагласено (да го опомене Филков, н.з.) за зборот што е употребен. Ако сакате, ќе го бараме и по толковен речник што значи по дефиниција, па ќе одлучиме заеднички“, реагираше Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека чекаме да организираат анкетна комисија, еве да му помогнеме на Милошоски.

Консултацијата на Официјален дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик, во „сопственост“ на Владата вели: шарлатан – Тој што се прави голем зналец, што се замислува нешто што не е; фалбаџија, лажливец, измамник, нечесен човек. Селото се наполни со шпекуланти и шарлатани. Ситен шарлатан.

Еве, да не биде само македонскиот речник, да го земеме и толкувањето на Вебстер или Оксфордскиот речник, во кои, сумирано, „Шарлатан“ е лице кое се преправа дека има повеќе вештини, знаење или квалификации отколку што всушност поседува, со цел да ги измами другите за лична добивка, како што се пари или слава. Тие се познати и како измамници, измамници или шарлатани, и се карактеризираат со употреба на лажни тврдења, сложени шеми и трикови за да ги измамат луѓето.

Игор Филков, министерот за правда, го „унапреди“ Груевски од бегалец во политички азилант и си најде алиби да не го обновува барањето за екстрадиција, а пратеничкото прашање на Миле Талески од СДСМ, за тоа дали е поднесено ново, обновено барање за екстрадиција за него е шарлатанство и циркус.

„Mора да претстанете да ja замајувате македонската јавност со ваков шарлатански пристaп, затоа што не знам што уште треба да направите за народот да ви ја прати пораката и на следните избори. Значи да земете да се уозбилите затоа што не е добро, ниту за вас како опозиција, ниту за државата да се занимавате со циркус, а не со реална работа“, рече Филков од собраниската говорница наместо директни да одговори на прашањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен